Министерството за надворешни работи на Иран денеска на разговор ги повика амбасадорите на Велика Британија, на Франција, на Германија и на Холандија, откако тие земји го обвинија Техеран дека испорачувал балистички проектили во Русија и најавија нови санкции.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и најверојатно ќе ги употреби во војната против Украина во рок од неколку недели.
САД, Велика Британија, Германија и Франција претходно најавија нови санкции против Техеран, вклучително и против националниот авиопревозник „Иран Ер“.
Кремљ изјавата на Блинкен ја оцени како неоснована, додека Иран ја нарече „лажна и погрешна“ и ги осуди новите санкции.