Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, на граничните премини нема подолги задржувања, соопштуваат од АМСМ.
– Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ.