Што ќе посееш, тоа ќе жнееш – за 15-годишниот Неџати не е само изрека, туку нешто што тој го докажува на дело. Од 8-годишна возраст го придружува својот татко во сезоната на жетва на пченицата, додека трета година по ред самиот жнее стотици хектари.
„Многу е добро зашто жетвата е семеен бизнис, наследство од семејството и тоа е страст за мене, бидејќи тоа е предност за нас. Јас сум на нива со моето семејство од кога имав 8 години. Татко ми ме научи што да правам, како да се жнее. Првата сезона самиот собрав приближно 120 хектари, потоа во втората и третата сезона собрав повеќе, затоа што веќе знаев, научив како да жнеам“, изјави Неџати Сулејмани, ученик.
Неџати летово завршил прва година средно училиште.
Работењето во полето вели дека не му претставува никаков проблем во учењето затоа што може да најде време и за двете.
„Не ми претставува проблем затоа што завршувам со часовите и доаѓам овде. Им помагам на моето семејство и себеси. Имотот е наш, ја чекаме оваа сезона и едвај чекаме да ожнееме“, рече Неџати Сулејмани, ученик.
Неџати е еден од младите кои и покрај економската криза во земјава, не ја гледа својата иднина во странство, туку на семејните полиња кај Арачиново.
Превземено од Алсат.мк