Израелската армија (ИДФ) соопшти дека околу 45 ракети се лансирани за еден час попладнево од Либан кон северот на Израел.

Првиот бараж од околу 30 ракети бил истрелан на Голанската висорамнина, а според ИДФ, некои од ракетите биле пресретнати, додека други погодиле отворени области, пишува „Тајмс оф Израел“.

Некои од проектилите предизвикаа пожари, а Хезболах ја презеде одговорноста за нападот.