Поранешниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ присуствуваше на тренингот на „Росонерите“ пред натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Њукасл, пренесува „MilanPress.it“.
Швеѓанецот му помогна на тренерот на Милан, Стефано Пиоли за време на тренингот.
Ибрахимовиќ летово најави пензионирање. Милан беше неговиот последен клуб. Покрај тоа, во текот на својата кариера, напаѓачот играше за Лос Анџелес Галакси, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.
Милан ќе се соочи со Њукасл утре на домашен терен со почетокот 18:45 часот.