Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси денеска изјави дека Египет „не го затворил“ единствениот граничен премин со Појасот Газа, при тоа обвинувајќи го Израел за нефункционирање на преминот Рафах.

– Случувањата на теренот и израелските повторени на палестинската страна на преминот ги спречија операциите, истакна Сиси.

Хуманитарните конвои шест дена чекаат на египетската страна на преминот Рафах за да влезат во Појасот Газа. Израел откако на 7 октомври беше нападнат од Хамас, четирипати го бомбардираше граничниот премин,

Сиси, исто така предупреди и на опасноста од „присилно раселување на Палестинците од Газа во Египет, истакнувајќи дека тоа ќе биде преседан за „раселување на Палестинците од Западниот Брег во Јордан“.