Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, средба на која отворено упатил забелешки за политичкото влијание врз Врховниот суд, но и постојаниот пад на владеењето на правото. Според она што го објави холандската амбасада на социјалните мрежи, поради овие две причини посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозено.

-Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така, неприфатливо е несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија, се вели во објавата.

Инаку, холандскиот амбасадор е еден од ретките странски дипломати кои во изминатиот период јавно ја критикуваа недоволната посветеност на властите во борбата против корупцијата, политичкото влијание врз судството, но и партиските вработувања.