Во интервју објавено во емисијата “360 степени” холандскиот амбасадор Коп изнесе низа критики за работата на судството и наведе дека Холандија инвестирала милиони во реформите, но дека резултатот не е задоволителен.

Амбасадорот потенцираше дека состојбите во судството мора да се променат и дека тие се добри за граѓаните, но дека тоа може да не им одговара на некои интересни групи.

Во интервјуто Коп се осврна и на почетокот на преговорите за Македонија и напомена дека после доаѓањето на Ковачевски и Петков за премиери во Северна Македонија и Бугарија започнаа преговори низ кои бугарските барања исчезнаа и се сведоа само на едно – внесување на бугарското малцинство во Уставот.