Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш упати покана до кипарскиот претседател Никос Христодулидис и до лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, за трилатерална средба во Њујорк на 13 август, објави КНА. Христодулидис ја прифатил поканата, а Татар ја одби.

– Пред неколку дена, како резултат на нашите упорни напори и во соработка со грчката влада, бев поканет од ООН да учествувам на трилатерална средба со генералниот секретар на ООН на 13 август во Њујорк со цел обновување на преговорите, изјави Христодулидис.

Меѓутоа, лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, изјави за весникот „Къбръс“ дека не добил таква покана, но и да ја добиел, не би ја прифатил бидејќи не прифаќа обновување на преговорите без признавање на „суверената еднаквост“ и без меѓународен статус за турско-кипарската страна.

– Никој не треба да очекува дека преговорите ќе започнат од местото каде што беа оставени во Кран Монтана (2017). Потрагата по федерално решение заврши во Кран Монтана. Нема допирни точки за обновување на разговорите по кипарското прашање, категоричен е Татар.