Првиот вицепремиер Артан Груби, коментирајќи го вчерашниот настан во Тетово, но и изјавите на Биљал Касами, откако при пуштање на улица беше поставено знаме со карта на „Голема Албанија“, изјави дека тој настан и таа иконографија треба да се игнорира, бидејќи е провокација за евроинтегративниот пат на државата, од како што вели мали партии со големи комплекси. Груби додава дека ваквите личности не треба да се факторизираат, бидејќи со таквите настани, токму тоа им била целта.
Тој настан и вокабулар е само за самофакторизирањеи служи на некои кои што не посакуваат добро ниту на Албанците, ниту на државата, вели Груби.
Додава дека треба да се ингорираат како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои што се провокација за интегративниот пат на нашата земја.
-Тоа се мали партии, со големи комплекси. Се надевам дека никој од вас, ниту институциите, ниту медиумите, нема да им дадат можност да се факторизираат преку мали гестови да станавуваат големи партии. Беспотребна иконографија, која што служи на сите, освен не на, ниту на Албанците, ниту на Македонците и на било кој во нашата држава, посебно не, кога во нашата земја пристигна висок гостин од Стејт Департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме такво нешто да ја дефокусираме јавноста, изјави Артан Груби.