По три години поминати во затвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ги прослави празниците со своето семејство. На социјалните мрежи објави слика со нејзиниот син Петар и сопругот Влатко Илиевски.

„Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ!“, напиша таа.

Таа последен пап за Бадник објави фотографија на „Фејсбук“ во 2014 година како го подготвува лепчето. По три години и еден месец минати во затвор, ексминистерката излезе од  „Идризово“.

Осудена беше на четири години затвор во септември 2020 година за предметот „Тенк“