Голем пожар избувна во околината на село Сирково кој за жал се шири брзо, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.

– Со интервенција е спасена фармата, но сега борбата со огнот продолжува кон шумата. Сите екипи се на терен и се надеваме на брзо локализирање, напиша Јанчев.

Засега нема повеќе детали за пожарот кај росоманското село Сирково. свд/вг/

Фото: Принтскрин