СДСМ денеска на вонредни директни внатрепартиски избори во СДСМ го избра старо-новиот претседател на партијата Венко Филипче.

Тој беше единствен кандидат за функцијата која ја врши од јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски.

„Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласаа 18.140. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња 139, рече Бранко Георгиевски, Претседател на Централната изборна комисија.

Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации, а избирачките места беа отворени од 08 до 20 часот.