Претседателот на Собранието, Африм Гаши на социјалните мрежи реагираше по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за кој вели дека е напад кон демократијата.
– Обидот за атентат врз кандидатот за претседател Трамп, е напад кон демократијата и е осуден од сите нас кои веруваме во вредностите на демократскиот плурализам. На поранешниот претседател Трамп му посакувам брзо закрепнување, уверен дека САД имаат доволно сила да го надминат овој инцидент за да продолжат да бидат знаме на демократијата во светот, вели Гаши во објавата на Фејсбук.