Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант најави дека израелската армија ќе ги засили нападите врз целите на Хезболах во Либан..
– Го напаѓаме Хезболах силно во изминатата година, особено во последните недели, и ќе продолжиме да го засилуваме овој напор, изјави Галант при посетата на северниот израелски град Сафед.
Израелските воздушни удари беа интензивирани во понеделникот, што го направи тој ден најсмртоносен во Либан во последните две децении, со повеќе од 500 загинати.