Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека израелските сили се при крај со својата мисија во Појасот Газа и оти нивниот фокус ќе се префрли на северната граница, односно на границата со Либан.

Центарот на гравитација се префрла на север, ние сме блиску до завршување на нашите задачи на југ, но нашата мисија не е завршена, посочи Галант на северната граница на Израел.