Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можни санкции, вклучително и суспензија од учество на меѓународни натпреварувања, поради потенцијално мешање во изборот на новиот шеф на организацијата.

ФИФА е загрижена поради претстојните избори на претседателот на ЦБФ кои се закажани за јануари 2024 година. ФИФА смета дека одлуката е неоснована и се заканува со санкции кон конфедерацијата, вклучително и отстранување на бразилската репрезентација од учество на меѓународни турнири.

Евентуална казна ќе влијае на учеството на бразилската репрезентација во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година и Копа Америка 2024 година.

На 7 декември, судот во Рио де Жанеиро го суспендираше претседателот Едналдо Родригез да работи за „CBF“ поради изборни нерегуларности минатата година. ФИФА оваа одлука ја смета за кршење на сопствената повелба за немешање на владините тела во работата на фудбалските сојузи на земјата.

Родригез (69) ја извршува својата функција од 25 август 2021 година. Првата година по неговото назначување, тој беше вршител на должноста шеф на организацијата, а на 23 март 2022 година беше потврден за 24-ти претседател на ЦБФ.

По отстранувањето на Родригез од функцијата, Хозе Пердиз де Хесус стана нов вршител на должноста шеф на „CBF“.