Членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и претставниците на земјите-членки на Арапската лига се согласија на неформални консултации во Њујорк за неопходноста од итен прекин на огнот на Блискиот Исток, и во Појасот Газа и во Либан, изјави по состанокот словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

„Како претставник на Словенија, ќе кажам дека сме многу загрижени за развојот на настаните на Блискиот Исток. Од почетокот на војната во Газа, Словенија предупредува дека може да се прелее и насилството во Либан да доведе до за војна во регионот“, изјави Фајон по состанокот кој беше затворен за јавноста.

Таа додаде дека ги повикала сите влијателни земји да го зголемат притисокот за прекин на огнот и повлекување на Израел од палестинските територии.

„Израел мора да ги почитува своите обврски како одговорна членка на ОН“, рече Фајон.

Таа го истакна мирот како клучен збор на сите нејзини дискусии за време на сесијата на Генералното собрание на ОН.

„Ние имаме колективна одговорност да ги почитуваме резолуциите на Советот за безбедност и да направиме се што можеме за политичко решение, бидејќи военото решение не може да донесе мир во регионот“, рече Фајон.