Од Европскиот сојуз за промена истакнуваат дека неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните.

Според Европскиот сојуз за промени, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање.

– Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби, стои во изјавата.

Oд Европскиот сојуз истакнуваат дека Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино.