ДУИ физичките напади врз албанските професионалци сака да ги претстави како патриотизам, велат од Европскиот сојуз за промени, или т.н албанска опозиција, составена од Демократско движење, БЕСА и Алтернатива.

Во нивното соопштение се вели:

Ова само ја потврдува паниката и стравот од пораз во кој се наоѓа оваа партија. И ова не е прв пат. Претходно, на најнизок начин, со јавен линч низ порталите на Артан Груби, тие ја нападнаа претседателката на Врховниот суд, г -ѓа Беса Адеми. Само затоа што не потпадна на притисоците на ДУИ да го врати Груевски во Северна Македонија како херој.