Веќе сите знаат дека главната пречка и кочница за интегрирањето на нашата земја во ЕУ и за владеењето на правото е ДУИ, вели Ардијан Демири, од Европски сојуз за промени, односно здружената албанска опозиција.

Еве што друго изјави на прес конференцијата:

Тоа неодамна го потврдија и од ЕУ преку холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој директно реагираше на средбата со Али Ахмети за сите политички притисоци што се вршат врз претседателката на Врховниот суд, г-ѓа Беса Адеми, бидејки таа не подлегна на политичките и медиумските притисоци оркестрирани од ДУИ за враќање на Никола Гуевски во земјата. Во оваа насока реагираше и амбасадорката на САД во земјата Ангела Агелер, која за притисоците врз председателката на Врховниот суд изјави дека Судскиот совет не успеа целосно да ги исполни своите законски обврски и дека граѓаните на државата заслужуваат подобро. Истотака, неодамна реагираше и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, неговата екселенција Дејвид Гир, кој истакна дека последните измени во Кривичниот законик донесоа зголемување на неказнивоста во земјава. Политичките притисоци врз Судскиот совет беа забележани и во последниот извештај на Европската Комисија, најскандалозниот и најлош на извештај за Северна Македонија досега.

Но, каков беше одговорот на ДУИ по овие пораки?

Преку официјалното соопштение, ДУИ меѓу другото потенцираше „Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети подвлече дека е во надлежност на Судскиот совет да постапува според законите… без притисоци од внатре и од надвор“. Истиот став го повтори и Артан Груби во телевизиска дебата.

Да застанеме малку овде и да го анализираме политичкото влијание на ДУИ во Судскиот совет.

Милазим Мустафа, денес член на Судскиот совет, претходно беше советник на 3 министри за правда од редовите на ДУИ, и тоа Аднан Јашари, Валдет Џафери и Билен Саљији, и тој е токму личноста која иницираше разрешување на Беса Адем, и во една на седниците кога истата беше на распит, според медиумите и се заканувал со затвор.

Селим Адеми, денес член на Судскиот совет, претходно беше секретар на општина Гостивар додека Невзат Бејта беше градоначалник, и советник во Министерството за правда додека Блерим Беџети беше министер.

По сите овие изнесени факти, заедно можеме да заклучиме дека злото, корупцијата, мешањето во судството има име.

На 8 мај, ќе и ставиме крај на оваа ситуација. Во оваа битка сме сите заедно, Европскиот Сојуз за Промена, чесните граѓани, меѓународниот фактор, прогресивните сили, граѓанскиот сектор, додека на другата страна е оваа корумпирана каста која ги напаѓа и албанските професионалци дури и на нивните работни места, кои единствениот спас го гледаат во Никола Груевски.