Европската полициска служба – Европол отстрани околу 2.000 антисемитски содржини од Интернет, објавија денеска израелските медиуми.
Содржините, отстранети на 27 јуни, вклучуваа говор на омраза, негирање на холокаустот и глорификација на насилството врз еврејската заедница, пишува „Џеруаселм Пост“.
Израелскиот портал Унет наведува дека иницијативата ја предводела швајцарската полиција, а во акцијата соработувале правосудните органи од над 18 европски земји, меѓу кои Велика Британија, Франција, Германија и Ирска.