Тековната војна во Газа се заканува да го втурне целиот регион во „немилосрден циклус на нестабилност“, изјави денеска египетскиот претседател, Абдел Фатах ел-Сиси.
-Итно е да се искористат сегашните преговори за да се стави крај на војната во Газа, рече тој по средбата со францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне во Каиро, изјави неговиот портпарол.
Договорот ќе спречи натамошно крвопролевање и ќе го заштити регионот од последиците од понатамошната ескалација, пренесе ДПА.
Во петокот, тековните преговори за ставање крај на војната со посредство на Катар, Египет и САД беа одложени. Посредниците не постигнаа пробив, но според заедничкото соопштение, дводневните разговори во главниот град на Катар биле конструктивни.
Тие се договорија дека ќе има уште една средба во египетската престолнина Каиро пред крајот на следната недела. Дотогаш, преговарачите треба да продолжат да преговараат за да ги затворат сите преостанати празнини.