Вооружен напаѓач од засега непознати причини, денеска киднапира неколку вработени во кафуле во источниот холандски град.

Тој прво пушти тројца заложници, а потоа маскиран со рацете во воздух го напушти кафулето.

Полицијата веднаш го приведе, а градоначалникот на Еде потврди дека кризата е завршена.

Веднаш по добиените информации за киднапирањето, полицијата евакуирала 150 домови и побарала од граѓаните да се држат настрана од областа. Тие додаваат дека нема индикации дека мотивот на киднаперот бил терористички.

Околу 11 часот и 30 минути полицијата соопшти дека тројца заложници се ослободени, а околу 12 часот и 30 минути од кафулето излегло маскирано лице на кое полицијата веднаш му ставила лисици и го привела. Потоа беше потврдено дека се работи за киднаперот, чии мотиви се уште не се познати.