Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.
– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.
Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.
Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.
Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.