Две лица се повредени при сообраќајна несреќа која се случи денеска на стариот пат Куманово-Скопје, во село Никуштак, во близина на депонија.
Од МВР за МИА информираат дека според првичните информациите во сообрајќајката учествувале опел астра со кумановски регистерски ознаки и шкода суперб со кумановски регистерски ознаки.
Сообраќајката била пријавена околу 14 часот, а возачите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.