Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) засега нема да постапува во врска со случајот во Клиничката болница во Битола, каде родилка со неконтролирана бременост родила починато бебе. Оттаму информираат дека уште немаат добиено известување ниту од семејството на родилката, ниту од надлежен орган во врска со случајот.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за МИА изјави дека постапуваат само по претходно добиена претставка или налог од министерот за здравство.
-ДСЗИ за овој случај нема добиено известување ниту од семејство, ниту од надлежен орган или институција. Понекогаш, во вакви случаи, семејството не сака да биде јавно објавено за ситуацијата. Ние постапуваме само по претставка или налог од министерот. Додека не добиеме известување, не можеме да постапуваме, изјави Младеновска за МИА.
МИА побара изјава и од Министерството за здравство дали ќе испратат налог до ДСЗИ да изврши надзор во болницата во Битола, но оттаму до објавување на веста немаше одговор.
Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница – Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола.
Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе