Канцеларијата на државниот обвинител на Израел денеска соопшти дека е против барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се одложи кривичната судска постапка против него поради војната, по обвиненијата за корупција и злоупотреба на службената положба.
Канцеларијата соопшти дека се спротивставува на барањето на Нетанјаху да се одложи одбраната во судските процеси против него до март 2025 година, бидејќи тоа ќе ја замрзне кривичната постапка за осум месеци, објави Џерусалим пост.
Обвинителството соопшти дека смета оти сведочењето на Нетанјаху треба да почне најдоцна по еврејските празници во ноември годинава.