Државата ќе доделува дополнителна финансиска помош за пензиоенрите во Македонија, а одлуката се очекува да биде донесена деновиве на владина седница, објави Центар.мк

Владата според сознанија на Centar.mk се очекува да исплати дополнителна финансиска помош на сите пензионери кои примаат пензија до минимална плата.

Пензионерите кои добиваат пензија која не е поголема од 20.175 денари ќе добијат финансиска помош во следниот период, а за сумата и траењето на поддршката се очекува да се произнесе Владата со прецизна одлука.

Покрај оваа помош, пензионерите може да се надеваат на ново покачување на пензиите два пати следната година и тоа во март и септември.

Превземено од Центар.мк