Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди се надева дека нема да се реализира штрајкот на контролорите на летање од 31 декември до втори јануари, што го најави Синдикатот на контролорите за да спречи нов бран партиски вработувања, пренесува СДК.мк

Тој тврди дека дека не е точно оти распишал оглас за самостоен советник во одделение за човечки ресурси.

Како што објави СДК.мк, на веб страната на Агенцијата за вработување стојат два објавени огласи од М-НАВ, кои се со рок од само два дена од 14 до 16 и од 15 до 17 декември и тоа баш за „самостоен советник за кадровски прашања“ и за „воздухопловен навигатор“.

Директорот Хамиди вели дека тие огласи „сигурно се некоја грешка“ и дека в понеделник ќе провери со Агенцијата затоа што адресата за е-пошта  што е ставена за контакт е на госпоѓа која во 2016 заминала во пензија. Но, в понеделник рокот за пријавување на овие два огласи веќе ќе биде истечен.

Целата вест на СДК.мк