Градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори за евентуална коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Нашата цел не е коалицира, нашата цел е да понудиме кој ќе коалицира со нас. Нашата цел е да ја освоиме власта. Но сигурно знам дека за сите итни соработки ќе ги донесат официјалните органи и тела на партијата, со кого ќе коалицираме и ќе соработуваме. Но сигурен сум дека нема да коалицираме“, вели Димитриевски.