Одејќи по патот кон успехот се соочуваме со голем број на предизвици, кои искористувајќи ги како скалило не водат врвот. Достигнувањата на секој студент претставуваат испреплетена таписерија од препреки и триумфални моменти, поттикнувајќи ги да ja постигнат својата цел. Нивните амбиции и инспирации продираат многу подалеку и пошироко од ѕидовите на една предавална или училишен ходник, студентите се стремат да пронајдат средина и заедница која што се грижи и ги задоволува нивните различни академски потреби. Ново место во Словенија е град кој повторно се докажува како идеална дестинација за квалитетен студентски живот. Тој секоја година привлекува се повеќе студенти со неговиот уникатен шарм и динамичен дух, кој нуди идилична атмосфера за студентите кои бараат незаборавно и бесценето едукациско и животно искуство.

Ново место е град сместен среде живописна природа во Словенија. Овој град може да се опише како неодолива дестинација за оние кои бараат хармоничен спој од модерни удобности и староградска харизма. Оваа дестинација со нејзиниот брз раст и развиток, зрачи со една посебна културолошка живост, која го подобрува целосното искуство на посетителите и жителите. Од динамични фестивалски атмосфери каде што се прославуваат и негуваат локални традиции, до уметнички изложби кои ги промовираат регионалните таленти, Ново Место нуди голем опсег на културни настани. Шармот на градот е дополнително збогатен со пријатниот амбиент од кафулињата распространети по улиците, повикувајќи ги посетителите да стапат во директен допир со централната култура и портретот на градот. Музејот „Долењска” овозможува уникатен поглед кон историскиот раскош на градот и целиот регион. За ентузијастите кои уживаат во природна убавина, овој град нуди и овозможува рекреативни активности, како организирање на излети или истражувајќи ги пределите околу реката “Крка”, прошетки низ шумски предели, или пак планинарење на „Горјанските”ридови.

Покрај тоа, Ново место е регионален урбан центар во југо-источна Словенија, кој исто така е познат и како „Долењска“ регија. На економски план, тој претставува високо развиена средина, како седиште на четирите предводници на словенската извозна економија – КРКА д.д., Адриа Мобил д.о.о., Ревоз д.д. и ТПВ д.о.о., на кои им се имаат придружено бројни успешни регионални компании. Како резултат, Ново место претставува одлично дестинација за почнување на вашата кариера. Една од најголемите привлечности на Ново место лежи во неговиот исклучителен квалитет на живот, каде жителите уживаат во опуштено темпо на животен стил со сите модерни погодности. Силниот гратски етос на заедница нуди една топла средина, каде жителите, а особено студентите можат да воспостават и создадат трајни пријателства и врски. Да не заборавиме и дека градот располага со високо функционални здравствени институции, образовни институции, и рекреативни погодности, кои го истакнуваат овој град како идеално место за живеење.
Секако, сите овие предности и услуги придонесуваат за примамлив студентски живот. Покрај привлегиите и придобивките што ги нуди овој град како живеалиште, Факултетот за информатички студии во Ново место (ФИС – https://www.fis.unm.si/?lang=en) е признат и прогласен за еден од најквалитетните и просперитетни факултети во областа на информатиката. Неколку клучни фактори го издвојуваат овој факултет како примерно, визионерско, и врвно место за развивање на студентската, академска кариера. ФИС е познат по своите сеопфатни eдукациски програми за информатички студии, мултимедија, сајбер безбедност, наука за податоци и други сродни области. Неговата наставна програма е дизајнирана да ги исполни високите универзитетски стандарди, подготвувајќи ги студентите успешна кариерна патека и професија во информатичката индустрија и комуникациските технологии. Членовите на факултетот се експерти во нивните области со академски акредитиви и професионално искуство. Нивната експертиза придонесува за квалитетот на образованието и истражувањето кое се спроведува на факултетот. Публикациите, проектите, и соработките ја овозможуваат оваа висока академска положба на ФИС како поволен факултет. Партнерствата со засегнатите страни во индустријата, можностите за стажирање, и сите успешни приказни на алумните важат за тестамент на неговата позитивен углед како реномирана институција. Како важен дел од научните постигнувања на ФИС, може да се издвои и суперкомјутерот кој факултетот го наследи со учество на проектот Надградба на Националните Истражувачки Инфраструктури – ХПЦ РИВР (Upgrading National Research Infrastructures – HPC RIVR). На овој начин, факултетот стана дел од најмоќните суперкомјутерски мрежи во Словенија, обезбедувајќи им на студентите и истражувачите да ги спроведуваат своите анализи и симулации, користејќи ги најсофистицираните методи на пресметување.
Името на ФИС е прочуено и надвор од Словенија со признанија од различни меѓународни академски институции и индустриски партнери. Учеството на меѓународни конференции и програми за размена, дополнително го надградуваат неговото глобално име и карактер. Авторизацијата од страна на релевантни тела и високото рангирањето во интернационалните проценки на образованието понатамошно го зајакнува реномето на факултетот. Владините агенции и организации го потврдуваат квалитетот на академско школување што и понатака го нуди овој факултет.
Заклучно, студирањето на ФИС во Ново место им овозможува на студентите напредно образовно искуство, кое се карактеризира со академска супериорност, практична вредност и шанса за личен и професионален раст и развој. Следствено, студирањето на ФИС го подготвува секој студент да се насочи и храбро да преземе чекор кон остварување на својата посакувана професија. Ново место ја опфаќа целосната суштина на квалитетно живеење и златната средина од аспект на историска фасцинација, природна убавина и модерен гламур. Без разлика, дали ве привлекува неговото богато културолошко наследство или просперитетната заедница, овој град ветува неспоредливо животно искуство и пат кон спокојство.























