Како и Стефан Богоев, така и Дарко Каевски преку социјалните мрежи демантираше дека го напуштил состанокот на ИО на СДСМ на кој се утврдувале листите за изборите. Претходно во текот на денот веста ја објави Клан телевизија.

-Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите.