Шумски пожар се движи кон станбените делови на турскиот град Измир. Во текот на ноќта од пет окрузи на Измир беа евакуирани 900 луѓе.
Огнот оштети 16 згради, а повредени се 78 луѓе, од кои 29 се хоспитализирани.
Хеликоптерите и авионите за гаснење на пожар утрово продолжија да се справуваат со огнот откако синоќа беа приземјени поради силниот ветер.
Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јамакли изјави дека огнот зафатил површина од 1.600 хектари, а во гаснење на огнот учествуваат и два авиона и 11 хеликоптери.
Уште шест шумски пожари се регистрирани во Турција.