На 28-ми јануари треба да се гласа составот на техничката влада, на чие чело ќе биде Талат Џафери, а координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски ќе го заземе местото на Џафери, пишува ТВ21.

Од СДСМ веќе ги објавија нивните кадри, кои голем дел остануваат исти, единствено Митко Бојмацалиев ќе биде предложен за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а во труд и социјала номинирана е актуелната министерка Јована Тренчевска.

Претходно премиерот Ковачевски треба да си даде оставка, која најверојатно ќе се случи на седницата на Собранието закажана за 16 јануари. За средбата со Мицкоски деновиве Ковачевски рече дека таа ќе се случи по празниците, објави ТВ21.

Целата вест на ТВ21.мк