Дали зад Стево Пендаровски, ако биде кандидат за претседател, ќе застане ДУИ, прашањето е без одоговор. Иако со недели се шпекулира дека е можно Европскиот фронт, каде што ќе бидат СДСМ и ДУИ, ќе излезат со консезуален кандидат за претседател, сепак последните информации велат дека можно е ДУИ да има свој кандидат.
Иако партиските „пресметки“ се уште се прават, сепак познато е дека Пендаровски е во игра за нов мандат, кој би бил кандидиран од СДСМ. Но, дали откако Пендаровски одби да го потпише Указот за Предлог законот за изменување на Законот за игри на среќа, кој беше предложен и фаворизиран од ДУИ, а потоа донесен по скратена постапка, односно „европско знаменце“, тој е прифатлив и за најголемата албанска опозиција.
Се постапува прашањето дали овој потег на Пендаровски може да биде причина тој да не ја добие поддршката од ДУИ.
Откако Пендаровски не го потпиша Указот, поради како што вели укажувањата за злоупотреба на „Европското знаменце“ и побара во редовна постапка повторно да се разгледа и гласа, од ДУИ со став дека тоа се приказни за мали деца.
Сепак, попладнево Пендаровски со ново објаснување:
Јас не мислам дека писмен допис од Брисел за било кого тука во земја кандидат која преговара за членство во Европска унија може да се каже дека е приказна за мали деца. Според мене, тоа е сериозно укажување кое не би смеело како однесување да го повторуваме понатаму. Пред месец дена Европската комисија, значи Европска унија од Брисел праќа писмо до Владата и вели во процедура во Собрание имате закон со кој практично се злоупотребува европското знаме, бидејќи таква европска директива нема. Меѓутоа, пратениците тераат до крај, го усвојуваат тој закон. Пред неколку дена доаѓа европскиот амбасадор кај мене и ми вели, ова е злоупотреба уште една во серија на европското знаме, никој не спори дали е законот добар или лош вели, не смее да биде злоупотребувано европското знаме. Тој посочува дека ако сакаме да одиме во Европска унија, мораме пред да станеме членки да се однесуваме како прави европјани. Вели ова е на балкански начин, а во извештајот за вашиот прогрес во октомври, што се објавува секоја година, имаме серија критики зошто некои закони ги носиме на таков начин, изјави претседателот Пендаровски при посетата на Универзитетот во Тетово.
Од друга страна, пак, се поизвесно е ДУИ да излезе со свој кандидат за претседател на државата. Наводно, не сакаат да ја остават албанската опозиција, односно Европското движење за промени сами да имаат кандидат Албанец, па и тие ќе истрчаат со свој. Неколку медиуми објавија дека е можно тоа да биде Бујар Османи, сегашен МНР, но засега се уште не е сигурно.























