Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за кого деновиве се шпекулира дека ќе ја преземе функцијата претседател на Собранието по формирање на новата влада, засега ниту потврдува ниту демантира дека помеѓу коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ како идни коалициони партнери e постигнат таков договор.

-За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако, бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да им припадне на Албанците, вели Гаши во интервју за Алсат.