Четириесет и два пожара евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие.
Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.
Според соопштеното, по два активни пожара има во општините Долнени и Пробиштип. По еден активен пожар има во општините Дебар, Маврово – Ростуше, Македонски Брод, Пласница, Чашка. Последните два пожара се на територија на две општини – едниот на Охрид и Ресен, а другиот на Демир Хисар и Кичево.
Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Кичево, Новаци, Македонски Брод, Демир Хисар, Делчево, Чашка.
Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 бележи 2.342 повика, а од нив, како „реални“ биле категоризирани 53.80 отсто.