Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот низ државата имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, шест се под контрола и 16 се изгаснати.
Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај Јасен – викенд населба Белица каде гори борова шума; во Општина Ресен и Општина Охрид кај Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа каде гори нискостеблеста вегетација и букова шума, во Општина Долнени кај селото Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева, во Општина Кичево кај с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар – каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација, во Општина Кичево кај с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод – борова и букова шума, во Општина Пласница кај с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод – нискостеблеста вегетација, во Општина Дебар има пожар кај с.Гари на планина Стогово каде гори мешана шума, во Општина Чашка кај с.Мокрени гори нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума, во Општина Долнени кај с.Небрегово гори нискостеблеста шума префрлен од Општина Чашка од планина Мукос и во Општина Македонски Брод кај с.Грешница каде гори мешана шума.
Исто така, активни пожари има и во Општина Крива Паланка на потегот Паланка – Саса, место Царев Врв, во Општина Куманово кај с.Черкезе гори стрниште и сува трева, во Општина Битола: с.Кишава каде гори сува трева, во Општина Кочани кај Пониква гори сува трева од удар на гром во дрво, во Општина Пробиштип кај с.Неокази гори борова шума и сончеви панели и во Општина Пробиштип кај с.Трипатанци – с.Ратавица – с.Бунеш.
Под контрола се ставени шест пожари и тоа во Општина Маврово-Ростуше кај с.Врбен каде гореше мешана шума, во Општина Новаци кај с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово гореше ниска вегетација, деградирана шума, во Општина Македонски Брод кај с.Девич местото Вртешка каде гореше мешана шума, во Општина Демир Хисар кај Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица каде гореше ниска вегетација, во Општина Делчево кај Депонија Делчево гореше депонија, во Општина Чашка кај с.Папрадиште и с.Ореше каде гореше мешана шума.