Албанскиот премиер, Еди Рама во својот говор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, ја спореди Бугарија со Русија, пренесе БГНЕС.

„Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија како што Русија – Украина, Хрватска лесно ќе ја нападне Србија, Србија – Косово и Босна може да се нападне самата себе“, изјави тој, се разбира во хумористичен тон, црн хумор, споредувајќи го напредокот на Украина кон ЕУ со земјите од Западен Балкан.

„Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влезе во Европската унија, како што направи Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија без сомнение, Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне без проблеми, ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да не нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така ќе бидеме подготвени да влеземе заедно со Украина“, рече Рама.

„Мислам дека е подобро да се зборува за нормализација во секој случај, бидејќи ризикуваме сите во просторијата да бидат ненормални“, заклучи Рама.