Централното градско јадро на Гостивар деновиве е разубавено со декоративни елементи во духот на велигденските празнувања. Гостиварската локална самоуправа по повод Велигден го украси околниот простор кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
На плоштадот поставена е декорација со зајак, кој е прифатен како симбол на празникот на Христовото воскресение, а долж ул. „Илинденска“ има светилки.
Општина Гостивар го украси централното подрачје и за муслиманскиот празник Рамазан со најава дека тоа ќе се практикува за сите поголеми верски празници.