Бодигардот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., во раните утрински часови  се степал со колега полицаец кој во моментот бил извршувал работни обврски, објави Телма.

Ивица Б. Веднаш е лишен од слобода, а од Министерството за внатрешни работи стигна и потврда за информацијата.

Според нив настанот се случил доцна синоќа, во 00:40 часот по полноќ, во угостителски објект на подрачје на општина Центар, при што веднаш интервенирале припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

За инцидентот реагираше и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.