Бујар Османи, кој е претседавач на ОБСЕ, жестоко одговори на обвинувањата на неговиот руски колега Лавров. Османи порача дека единствено Руската Федерација е таа која што прави проблеми во земјите од регионот. Како што вели се вмешала во Црна Гора, Македонија, Босна, во Србија, па преку Србија и во Косово, обидувајќи се да предизвика дестабилизација во овие земји. Тој потенцираше дека САД и ЕУ се единствените кои активно се залагаат и учествуваат во демократизација и развој на овој регион и намалување и смирување на тензиите.

-Руската Федерација, е таа која што преку латентни и видливи чекори, преку свои прокси играчи во регионот, континуирано го дестабилизира регионот. Се обиде да ја дестабилизира Црна Гора преку обид за државен преврат во моментот на членството во НАТО, се обиде да го опрстуира нашиот референдум во 2018 година за членство во НАТО, ги минира процесите во БИХ, во Србија, а се разбира преку Србија и во Косово. Така да Руската Федерација е причина за проблемите и нестабилноста во овој регион, a единственото решение, за сите маки на овој регион, е евроатланската интеграција, членството во ЕУ и НАТО. Тоа не е мој субјективен став, тоа можам да ви го потврдам со бројки и факти, изјави Османи.

Лавров одржа прес конференција во Скопје, вели Русија не е виновна за ништо!