Британските граничари денеска заплениле јахта со мигранти кои го преминале каналот Ламанш.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека не може да коментира за поединечни премини, ниту да потврди колку мигранти имало на јахтата, пишува Би-Би-Си.
Вкупниот број луѓе кои го преминале Ламанш од почетокот на годинава изнесува 15.489, што е за околу 10 отсто повеќе во однос на истиот период лани.