Главниот обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, Серж Брамерц ја заврши посетата на земјите од Западен Балкан, меѓу кои Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Брамерц на средбите со високи претставници на четирите земји се обиде да го сврти вниманието на правда за жртвите од воените злосторства.
Неговата цел е да поттикне нова динамика и да укаже на итноста, бидејќи поминаа речиси три децении од завршувањето на вооружените конфликти во БиХ и Хрватска, како и да постигне договори и да обезбеди поддршка за регионалната соработка, се наведува во соопштението од Меѓународниот резидуален механизам.