Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во техничката влада што ќе ја предводи Талат Џафери, објави 360 степени.

Ова, како што вели извор од владејачката коалиција, е дел од политичкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ во пресрет на формирањето на преодната влада за организација на изборите и серијата кадровски и меѓупартиски поместувања на функциите како последица на тоа.

Артан Груби, пак, кој во моментов ја извршува функцијата на прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем, во преодниот кабинет на Џафери ќе биде вицепремиер за политички прашања и министер за политички систем.