Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов телефонски разговорал со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и изразил искрено сочувство до роднините на загинатите во пожарот во дискотека во градот Кочани, пренесе БГНЕС.

„Во најтешките моменти остануваме заедно и затоа на колегата му ја понудив мојата помошт и помошта што Бугарија може да ја пружи“, рече Борисов.

„Бог да ги прости загинатите. Се молиме за брзо закрепнување на повредените“, додаде тој.