Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека е „згрозен“ од израелскиот воздушен напад денеска врз училиште во кое се сместени жители на Појасот Газа, во кој, според палестинските власти, загинале околу 100 луѓе, јави ДПА.
„Последниве недели беа нападнати најмалку 10 училишта. Нема оправдување за овие масовни убиства“, напиша Борел на социјалната платформа X.
„Вознемирени сме од ужасно високиот вкупен број на жртви“, додаде шефот на европската дипломатија, велејќи дека од почетокот на војната во октомври загинале околу 40.000 Палестинци.