Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во еден ден направил промена на повеќе клучни раководни позиции во управата, неофицијално дознава “Фокус” од свои извори.

Како што објави Фокус Мелиха Панева, досегашниот помошник директор на сектор Акцизи оди на челната позиција во клучната царинарница Скопје, а на нејзино место доаѓа Весна Змајшек досегашен началник на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи.

Смена има и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2.

Исто така, промена има и на шефовското место на најфреквентниот граничен премин Табановце, кадешто шефица ќе биде Емилија Трајковска.

Целата вест на Фокус.мк