Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за ТВ21 кажа дека на дофат е Европската Унија, а во спротивно следува ‘бугаризацијата’.
– Во НАТО влеговме, и тогаш не плукаа предавници и слично, влеговме во НАТО. Сега ни е на дофат ЕУ. Сега овој чекор ако не го направиме, тогаш следува бугаризација. Што е бугаризација што ВМРО – ДПМНЕ ја зборува во континуитет. Бугаразација беше додека 11 години ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, зошто, затоа што во тие 11 години се извадени рекорден број на бугарски пасоши за македонски граѓани. Зошто, затоа што луѓето во очај си бараат подобра перспектива одеа во Софија, Пловдив, потпишуваа дека се чувствуваат како Бугари дека имаат бугарски корени, вели Богоев.
Според него, сега, ако македонските граѓани од сите етнички заедници видат дека не може да влеземе во ЕУ поради, како што истакна, инаетот на Мицкоски и Апасиев повторно ќе посегнат по бугарски пасоши и повторно ќе имаме бугаризација.
-Концептот што ние го нудиме за членство во ЕУ до 2030 година е концепт на македонизација, обратно од бугаризација. Македонски пасош, македонско државјанство, животот во Македонија да вреди. Ние нудиме концепт на македонизација и живот по европски стандарди во Македонија. А тие не туркаат во изолација, изолација значи бугаризација, луѓето во очај одат и вадат бугарски пасоши и се потпишуваат како Бугари. Таа е разликата меѓу нив и нас, заклучи Богоев.